Скопје, 10 декември 2018 – Со помош на трите специјални возила „пајак“ на јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи на Општина Центар“-Скопје во текот на минатата недела на територија на Општина Центар отстранети се 189 возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.
