Банер
>>> Почетна » За Нас
Понеделник, 18 Дек 2017

Е-пошта Печати PDF

НАШЕТО ПОРТФОЛИО

Јавното претпријатие за јавни паркиралишта ПАРКИНЗИ НА ОПШТИНА ЦЕНТАР-Скопје е претпријатие формирано од Општина Центар, со Одлука на Совет на Општина Центар број 07-2625/4 од 18.12.2006 година и Решение за Упис во Централен регистар на Република Македонија од 13.03.2007. Скратениот назив на Јавното претпријате за јавни паркиралишта ПАРКИНЗИ НА ОПШТИНА ЦЕНТАР - Скопје е ЈП ПАРКИНЗИ НА ОПШТИНА ЦЕНТАР.

Јавното претпријатие за јавни паркиралишта ПАРКИНИЗИ НА ОПШТИНА ЦЕНТАР-Скопје е правно лице основано со цел организирање, управување, уредување и одржување на јавните паркиралишта на територија на Општина Центар, пред се во насока на ефикасно и квалитетно задоволување на потребите на граѓаните на Општина Центар и секако решавање на сообраќајниот метеж и проблемот со паркирање во централното градско подрачје.

Јавното претпријатие вршејќи ја основната дејност за која е основано, постојано утврдува и изнаоѓа нови и ги усовршува постојните услуги следејќи ги современите европски и светски трендови и практитки на давање на услуги за користење на јавни паркиралишта, притоа реализирајќи ја својата визија да стане водечка компанија и пример во својата дејност.

Со Јавното претпријатие за јавни паркиралишта ПАРКИНЗИ НА ОПШТИНА ЦЕНТАР-Скопје управува и раководи Директор именуван од Градоначалникот на Општина Центар врз основа на јавен конкурс. Директор на Јавното претпријате за јавни паркиралишта ПАРКИНЗИ НА ОПШТИНА ЦЕНТАР-Скопје е Саша Богдановиќ.

Во рамките на претпријаитето функционираат 3(три) сектори:

  • Сектор за правни работи и човечки ресурси,
  • Сектор за јавни паркиралишта и пајак и
  • Сектор за финансиски прашања

Како посебно одделени во рамките на ЈП Паркинзи на Општина Центар е формирано:

  • Одделение за маркетинг, промоција и пропаганда

ЈП ПАРКИНЗИ НА ОПШТИНА ЦЕНТАР управува и организира паркирање во 5(пет) административни сектори:

  • АДМИНИСТРАТИВЕН СЕКТОР "КАПИШТЕЦ"

- Опфатот на Секторот е помеѓу: Бул. Митрополит Теодосиј Гологанов, ул. Рузвелтова, Бул. Водњанска и ул. Партение Зоографски.

  • АДМИНИСТРАТИВЕН СЕКТОР "ДЕБАР МААЛО"

- Опфатот на Секторот е помеѓу: Бул. Партизански Одреди, Ул.Рузвелтова, Бул. Климент Охридски и  ул. Ј.Х. Џинот и паркиралиштата Соборен Храм и Опшина Центар.

  • АДМИНИСТРАТИВЕН СЕКТОР "БУЊАКОВЕЦ"

- Опфатот на Секторот е помеѓу: Бул.Метрополит Теодосиј Гологанов, Бул. Партизански одреди, ул. Рузвелтова и Бул. Свети Климент Охридски.

  • АДМИНИСТРАТИВЕН СЕКТОР "ЗАТВОРЕНИ ПАРКИРАЛИШТА"

- Во овој сектор припаѓаат следните паркиралишта: ДОМ НА ГРАДЕЖНИЦИ, АУТОМАКЕДОНИЈА, ТРГОТЕКСТИЛ, ДОМ НА АРМ (Министерство за транспорт и врски), ПАЛОМА БЈАНКА, СКВЕР ЈАДРАН и ул Максим Горки.

  • АДМИНИСТРАТИВЕН СЕКТОР "ПРОЛЕТ"

- Опфатот на Секторот е во населбите Пролет, Маџир Маало и Ново Маало.

На сите јавни паркиралишта со кои управува Јавното претпријатие приоритет се дава на граѓаните на Општина Центар на кои согласно востановената деловна политика и начинот на организирање на работата на паркиралиштата им се гарантира пристап и користење на јавното паркиралиште. Работното време на јавните паркиралишта е различно дефинирано во различни сектори се со цел да обезбеди адекватна заштита на станарите во тие сектори од несовесни возачи. Со ова трајно и во континутиет се води грижа за правилен, ефикасен и непречен режим на сообраќајот во сите сектори, што наидува на огромна благодарност и одобрување од граѓаните.

ЈП ПАРКИНЗИ НА ОПШТИНА ЦЕНТАР- Скопје, со цел задоволување на потребите на граѓаните и пред се во пресрет на нивните барања, имајќи ја во предвид нивната економско-социјална положба, го развива и понатаму ќе го усовршува пакетот на услуги и цени кој го нуди, истовремено имајќи ја пред себе и визијата на ова претпријатие да прерасне во предводник во дејноста која ја врши и секако да ја оправда основната цел за сопственото постоење.

На граѓаните на Општина Центар кои имаат сопствен паркинг простор (гаража, подземен или надземенпростор) ЈП ПАРКИНЗИ НА ОПШТИНА ЦЕНТАР им овозможува непречен влез до својот паркинг простор.

За граѓаните-станари кои имаат адреса на живеење на јавните паркиралишта со кои управува ЈП ПАРКИНЗИ НА ОПШТИНА ЦЕНТАР, претпријатието овозможува субвенционирани цени за користење на јавните паркиралишта во нивна близина по следниве цени:

  • За прво возило - 0 денари месечен надомест
  • За сите останати корисници надоместот е определен согласно Ценовникот на услуги на Јавните паркиралишта со кои управува ЈП ПАРКИНЗИ НА ОПШТИНА ЦЕНТАР.

За разлика од другите во оваа дејност, ние како јавно претпријатие нудиме пакет на услуги и цени достапни за секого со право на избор на услуга и цена.

И понатаму заедно со Општина Центар, како наш основач, ќе се развиваме со што ќе го развиваме и усовршуваме пакетите на услуги и цени кои ќе бидат прифатливи и достапни на граѓаните на Општина Центар како крајни корисници.

Визија на ЈП ПАРКИНЗИ НА ОПШТИНА ЦЕНТАР Скопје

Нашата визија е да прераснеме во лидер на македонскиот пазар, особено во доменот услуги за јавни паркиралишта на територијата на Општина Центар, да го унапредиме и зачуваме ефикасниот и непречен сообраќај во Општина Центар, со еден збор да станеме лидер во заштитата на јавниот интерес и интересот на граѓаните, како би можеле на нашите корисници да им овозможиме максимално поволни можности и услови во користењето на услугите.

Мисија на ПАРКИНЗИ НА ОПШТИНА ЦЕНТАР Скопје

Нашата мисија е на нашите корисници да им понудиме и обезбедиме ефикасни и современи услови на користење на услугите за јавните паркиралишта во согласност со најновите технолошки и развојни трендови во подрачјето на практичната примена на овие трендови. Мисијата на нашето претпријатие е да им овозможиме на нашите корисници еден поразличен и пофлексибилен начин на давање услуги засновани пред се на професионалност и стручност.

Кои се заложбите и обврските на ЈП ПАРКИНЗИ НА ОПШТИНА ЦЕНТАР кон граѓаните?

  • Квалитетни услуги,
  • Навремени, брзи и точни услуги,
  • Комуникација со корисниците,
  • Запазување на рокови во давање на услугите,
  • Одговорност,
  • Давање информации на корисниците,
  • Транспарентност во работењето,
  • Подобрување на стандардот на услуги,
  • Создавање на услови за подобрување на системите на услуги и цени,
  • Навремено, точно и објективно информирање на јавноста за работатана јавното претпријатие.

Со цел за понатамошно успешно функционирање на Јавното претпријатие и остварување на мисијата и визијата, а во насока на успешно решавање на проблемите со паркирањето во најтесното центарално градско подрачје, на територија на Општина Центар и пред се како резултат на брзиот економски и технолошки развој, се наметнува потребата на решавање на веќе идентификуваниот проблем со проточноста и нормалното одвивање на сообраќајот, токму на територија на Општина Центар.

ЈП ПАРКИНЗИ НА ОПШТИНА ЦЕНТАР, имајќи ги во предвид овие проблеми со сообраќајот и пред се со условите и проблемите со паркирањето, а со желба да се излезе во пресрет на потребите на граѓаните на Општина Центар, во идниот период како планирани активности ја има пред себе задачата за уредување и отварање на нови јавни паркиралишта, во согласност со Деталниот урбанистички план на Општина Центар и изработената студија за паркирање за потребите на Општина Центар, а секако во заедничка соработка со Општина Центар.

Jавното претпријатие ќе продолжи да работи и да се развива согласно утврдената стратегија, мисија и визија, во соработка пред се со Градоначалникот на Општина Центар и Советот на Општина Центар и ќе настојува заеднички да ги решава проблемите на граѓаните на Општина Центар, со цел да станеме препознатливи почитувачи и заштитници на јавниот интерес и интересот на граѓаните.