Банер
>>> Почетна
Понеделник, 17 Дек 2018


Бесплатен паркинг во Центар од јуни

Е-пошта Печати PDF

Новиот директор на Паркинзи на Општина Центар вети бесплатен паркинг во Центар од јуни

Саша Богдановиќ е името на новиот директор на Јавното претпријатие Паркинзи на Oпштина Центар, кое е во сопственост на Општина Центар, а ги поседува паркиралиштата низ најпрометната општина. На одржаната прес конференција, новиот директор, придружуван од градоначалникот, Андреј Жерновски, најави дека првиот проект кој ќе биде реализиран од новото раководство ќе биде исполнување на ветувањето кое градоначалникот го даде за време на предизборната кампања, а кое се однесува на бесплатниот паркинг за сите жители на Центар низ целата територија на општината.

 

-Во наредниот период, службите на јавното претпријатие, заедно со општината, ќе го почнеме проектот бесплатен паркинг, кој ќе добие својата реализација до средината на јуни. Без разлика кој каде живее на теритријата на Центар, каде има обележано паркинг на ЈП Паркиннзи на Општина Центар, жителите таму ќе можат бесплатно да се паркираат-изјави Богдановиќ.