Банер
>>> Почетна
Четврток, 18 Окт 2018


Бесплатен паркинг за сите жители на Општина Центар на паркиралиштата на ЈП ПОЦ

Е-пошта Печати PDF

1. Бесплатен паркинг за жителите на Општина Центар

Отсега жителите на Општина Центар бесплатно ќе го паркираат својот автомобил во целата територија на Општина Центар без временски ограничувања, во зона1 и зона2 на паркиралиштата на ЈП ПОЦ.

Повластена паркинг карта ППК се издава на физичко лице со постојано живеалиште во Општина Центар. Потребно е лицето да:

  • e македонски државјанин
  • има постојанo живеалиште во Општина Центар кое го докажува со важечка лична карта или патна исправа
  • поседува сопствено возило или да користи возило за кое му е издадено полномошно од сопственикот на возилото, жител на општина центар.

Повластената паркинг карти, жителите на Општина Центар нема да можат да ја користат во 0 зона, на резидентните улици и паркиралишта, на јавните паркиралишта од затворен тип и во катната гаража „ Судска палата”.

2. Гостинска карта за Вашите пријатели

Жителите на Општина Центар, корисници на услугите на ЈП ПОЦ на своите гости можат да им обезбедат повластено паркирање во времетраење од најмногу 30часа месечно.

На сите корисници на услугите на ЈП ПОЦ им се издава М-карта без надоместок, со гратис ваучер за паркирање од 100денари.

3. Повластена паркинг карта ППК за лица со привремено живеалиште во Центар

Повластена паркинг карта ППК се издава и на физичко лице, кое не е жител на Општина Центар, а има привремено живеалиште во Општина Центар.

За издавање на ППК за лица со привремено живеалиште потребно е лицето да:

  • е македонски државјанин
  • има привремено живеалиште во Општина Центар, кое го докажува со потврда издадена од МВР за привремено живеалиште или со договор за закуп заверен на нотар
  • поседува сопствено возило или да користи возило за кое му е издадено полномошно од сопственикот на возилото

Лицата со привремено живеалиште во Општина Центар, повластената паркинг карта ППК може да ја користат само во секторот на привременото живеалиште.

4. Меморандум за соработка

Граѓаните на Центар можат да ги користат паркиралиштата на двете јавни претпријатија ЈП ПОЦ и ЈП Градски паркинг, на паркиралиштата опфатени со меморандумот склучен помеѓу двете претпријатија. Меморандумот можете да го видите тука.