Банер
>>> Почетна » Информации од јавен карактер » Актуелности » Се известуваат жителите на населба Дебар Маало
Недела, 24 Јун 2018


Се известуваат жителите на населба Дебар Маало

Е-пошта Печати PDF

Почитувани,

Ве известуваме дека од 01.09.2013 год. во наредните месеци (согласно важноста на договорот) почнуваат да истекуваат корисничките договори во сектор ,,Дебар Маало,,. За продолжување на договорите и добивање на нова налепница потребно е да дојдете во просториите на ЈП Паркинзи на Општина Центар - (ул. 8-ма ударна бригада бр. 20а, веднаш до Италијанска Амбасада). Во спротивно вашите договори ќе станат неактивни и нема да може да ги користите услугите на ЈП ПОЦ.

 

Потребни документи за продолжување на договор:

- лична карта и сообраќајна дозвола (оригинали на увид)
- 100 денари (уплата на лице место)

Доколку сте жител на Општина Центар и поседувате сопствено возило а не сте регистрирани кај нас, истото можете да го направите со јавување и аплицирање во нашиот Контакт Центар на телефонскиот број 072 251 251(на истиот број може да се добијат сите потребни информации).

Со почит,

ЈП Паркинзи на Општина Центар