Банер
>>> Почетна
Недела, 24 Јун 2018


Како до бесплатен паркинг на ЈП ПОЦ

Е-пошта Печати PDF

Остварете го Вашето право како жител на општина Центар да паркирате бесплатно на отворените паркиралишта во зоните 1 и 2 на територијата на општината.

_________________________________________________________________________________________________

Процедура за потпишување на прв договор

1. Се јавувате на телефонскиот број 072 251 251 (Контакт Центарот на ЈП ПОЦ) каде ги оставате Вашите лични податоци и податоци за возилото.
2. Во рок од 5 (пет) дена од денот на аплицирањето се утврдува статусот на барањето кој се објавува на нашата веб страна во квадратот – Проверка на Статус на барање.
3. Барателот чие барање е одобрено должен е во рок од 10 дена да дојде во просториите на ЈП ПОЦ (Бул. Гоце Делчев бр.14), каде потпишува едногодишен договор и добива налепница за возилото.
Барателот чие барање не е одобрено има право на средба со одговорните лица во ЈП ПОЦ, по претходна најава во Контакт Центарот.
Потребни документи:

- оригинал лична карта на барателот (на увид)
- оригинал сообраќајна дозвола (на увид)
- 350 ден. за внесување во системот, изготовка на договор и налепница (еднократно на лице место)

____________________________________________________________________________

Процедура за продолжување на договор
1. Корисникот на постоечки договор чија важност истекува, е должен да дојде во просториите на ЈП ПОЦ (ул. Осма Ударна бригада бр.20а), каде потпишува нов едногодишен договор и добива нова налепница за возилото.
Потребни документи:
- оригинал лична карта на барателот (на увид)
- оригинал сообраќајна дозвола (на увид)
___________________________________________________________________________
Работно време со странки:
Понеделник – Петок: 08:00 – 19:00 часот
Сабота: 08:00 – 14:00 часот

Со почит,
ЈП Паркинзи на Општина Центар