Банер
>>> Почетна » Информации од јавен карактер » Актуелности » ИЗВЕСТУВАЊЕ
Петок, 19 Јан 2018


ИЗВЕСТУВАЊЕ

Е-пошта Печати PDF

Се известуваат жителите на населба Капиштец дека од 1.06.2014 год. почнуваат да истекуваат едногодишните договори со ЈП Паркинзи на Општина Центар – (ЈП ПОЦ). Продолжување на договорите се врши во Дирекцијата на ЈП ПОЦ (до Италијанска Амбасада).

Потребни документи (за тип на договор - жител на Центар со сопствено возило):

-      лична карта (оригинал на увид)

-      сообраќајна дозвола (оригинал на увид)

-      100 ден. во готово

При потпишување на нов договор секој корисник кој досега нема добиено М-карта (гостинска карта) треба да побара и истата ќе ја добие бесплатно.

За останатите типови на договори (со договор за закуп, имотен лист, вработен во деловен субјект, службено возило за приватни цели..) секој корисник треба да ги донесе истите документи како при потпишување на претходниот договор.