Банер
>>> Почетна » Информации од јавен карактер » Актуелности » Известување за НОВИНАРСКА МОБИЛНА ПАРКИНГ КАРТА
Четврток, 26 Апр 2018


Известување за НОВИНАРСКА МОБИЛНА ПАРКИНГ КАРТА

Е-пошта Печати PDF

Јавното претпријатие „Паркинзи на Општина Центар“ потпиша договор со Здружението на новинари на Македонија, Македонската Асоцијација на новинари според кој, новинарите-членови на ЗНМ, МАН ќе може да извадат новинарска мобилна паркинг карта и да ја користат бенефицијата за бесплатен паркинг на паркинзите во оваа општина.

Правото на издавање и користење на новинарска мобилна паркинг карта го остварува секое физичко лице вработено како новинар во конкретен медиум или новинска агенција и кој е член на соодветно новинарско или медиумско здружение или синдикат, кој има склучено договор за деловна соработка со јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи на Општина Центар“. Новинарите што сакаат да извадат новинарска мобилна паркинг карта треба да дојдат во просториите на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ и да достават потврда дека се во редовен работен однос во медиум или новинска агенција и потврда дека се членови на соодветно новинарско или медиумско здружение или синдикат кој има склучено договор за деловна соработка со јавното претпријатие. Новинарската карта може да се користи на сите отворени јавни паркиралишта во Зона I и Зона II со кои стопанисува јавното претпријатие, а вкупното време на задржување е најмногу 2 часа дневно.