Банер
>>> Почетна » Features
Вторник, 21 Ное 2017


Почнаа со работа двете пајак-возила

Е-пошта Печати PDF

Почнаа со работа двете пајак-возила на општинското јавно претпријатие „Паркинзи“ на Центар.

Ќе подигаат возила само од станбени и од сервисни улици кои се во надлежност на Општината, но исто така и од зелени површини, места за инвалидизирани лица, како и од паркиралиштата наменети за станари. Притоа, како што информираат надлежните, нема да се мешаат во работата на јавното претпријатие „Градски паркинг“.

Депото на оваа служба се наоѓа на улицата Никола Kарев број 18, под Транспортниот центар. Пајак-службата е независна и е формирана со јавно-приватно партнерство. Возилата се купени од фирмата партнер „Венекс“.

 

Kазната за подигнато возило е 2.000 денари, 3.500 денари за непрописно паркирање на зелена површина, а 6.000 денари на место резервирано за лица со посебни потреби. Дел од средствата од овој надоместок ќе бидат наменети за поддршка на оваа категорија граѓани.