Банер
>>> Почетна » Информации од јавен карактер » Актуелности » Почитувани корисници
Вторник, 21 Ное 2017


Почитувани корисници

Е-пошта Печати PDF

Во изминатите неколку недели Директорот на Јавното претпријатие Паркинзи на Општина Центар, Саша Богдановиќ и стручните служби на претпријатието остварија бројни средби со граѓани на кои се дискутираше за плановите и проблемите со јавните паркиралишта. Како најголем проблем се посочуваше тоа што со станбените улици што се наоѓаат на територијата на општина Центар стопанисува ЈП Градски паркинг - Скопје. Бидејќи овој спор трае веќе подолго време, ние, од ЈП ПОЦ покренавме многу иницијативи за решавање на истиот, но за жал, сеуште немаме одговор од надлежните институции.

Ве известуваме дека по завршувањето на првиот референдум за зачувување на автентичниот изглед на Градскиот трговски центар, што ќе се одржи во недела на 26 април, ЈП Паркинзи на Општина Центар планира да покрене иницијатива за втор референдум преку кој ќе излеземе со барање сите јавни паркиралишта на сервисните и станбените улици, што се наоѓаат на територијата на општина Центар, да бидат управувани од ЈП Паркинзи на Општина Центар.

Со почит,

ЈП Паркинзи на Општина Центар