Банер
>>> Почетна » Информации од јавен карактер » Актуелности » Известување
Вторник, 21 Ное 2017


Известување

Е-пошта Печати PDF

Почитувани,

Сакам да Ве известам за најновите промени во јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи на општина Центар".

Имено, овој месец Советот на Општина Центар донесе Одлука на организацијата и начинот на наплата на јавните паркиралишта од значење за Општина Центар, односно заради полесен пристап и начин на користење на јавните паркиралишта од затворен тип од страна на корисниците, се покажа дека е сосема доволно и целисходно наплатата да биде извршена по завршување на користење на услугата, за разлика од претходно каде корисниците за користење на услугите на јавно паркиралиште од затворен тип требаше да купат паркинг карта за привремено користење на паркинг место на затвореното паркиралиште во објектот за наплата или да купат при-пејд картичка за плаќање за користење на услугите. Исто така, по барање на жителите на паркиралиштето Трготекстил, сите затворени паркиралишта ќе функционираат со наплата 24 часа, додека во секторите Капиштец и Дебар Маало, наплатата ќе се врши фиксно во работните денови од 8.00 до 22.00 часот и во сабота од 8.00 до 15.00 часот.

Во Правилникот за користење на јавните паркиралишта од значење на Општина Центар – Скопје се воведува нов вид на јавни паркиралишта кои се нарекуваат сервисно – резидентни јавни паркиралишта, коишто можат да ги користат единствено физичките лица со живеалиште или престојувалиште во опфатот на овој вид на јавни паркиралишта, како и физичките лица вработени во правно лице кое има седиште или подружница во опфатот на сервисно – резидентните паркиралишта. По барање на станарите таков вид на паркиралиште станува Соборен Храм.

Исто така, врз основа на кварталниот финансиски извештај за прв квартал Q1 за 2015 година, ЈП Паркинзи на Општина Центар е во добивка 1366254,00 денари. Добивката е помала од планираната поради слабата соработка со Министерството за внатрешни работи и отежнатата координација со сообраќајната полиција на пајак службата во месец јануари.

ЈП Паркинзи на Општина Центар продолжува со позитивното работење со цел да се задоволат потребите, како на жителите на Општина Центар, така и на оние што привремено престојуваат или работат во оваа општина. Токму и тоа беше целта на неколкуте средби со граѓани што ги имавме во претходниот период; да ги слушнеме нивните мислења и предлози и со помош на градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски тие станаа реалност. Благодарение на жителите ние растеме и се трудиме секогаш да бидеме тука за нив.

Со почит,
Саша Богдановиќ
Директор на ЈП Паркинзи на општина Центар

 

1