Банер
>>> Почетна » Информации од јавен карактер » Актуелности » ИЗВЕСТУВАЊЕ
Вторник, 21 Ное 2017


ИЗВЕСТУВАЊЕ

Е-пошта Печати PDF

Почитувани корисници,

На последната седница на Советот на општина Центар се донесе Одлука за измени во Правилникот за начинот и постапката за издавање на повластена паркинг карта за јавни паркиралишта со наплата на јавното претпријатие „Паркинзи“ на општина Центар.

Имено, во Правилникот за начинот и постапката за издавање на повластена паркинг карта за јавни паркиралишта со наплата со кои управува ЈП ПОЦ се воведува нов вид на повластена паркинг карта за сопственици на електрични и хибридни возила (ПКЕХ). Според член 37 од Правилникот, потребни документи кои се доставуваат на увид при склучување на договор со физичко лице сопственик на електрично или хибридно возило се: лична карта и сообраќајна дозвола за ПМВ издадена од надлежен орган, додека за склучување на договор со правно лице сопственик на електрично или хибридно возило потребните документи кои се доставуваат на увид се: тековна состојба, сообраќајна дозвола за ПМВ издадена од надлежен орган и овластување од овластеното лице на правното лице издадено за физичкото лице потписник на договорот за користење на ППК – ПКЕХ.

Корисниците на ППК – ПКЕХ имаат право на бесплатно паркирање единствено на отворените јавни паркиралишта во паркинг секторот каде што се поставени постројки за напојување на возилата, како и катната гаража Судска палата.

Со почит,
ЈП Паркинзи на општина Центар