Банер
>>> Почетна
Среда, 18 Окт 2017


ИЗВЕСТУВАЊЕ

Е-пошта Печати PDF

Почитувани,

ЈП Паркинзи на Општина Центар денеска официјално ја започна најголемата акција за стерилизација на бездомните животни на територија на Општина Центар „Центар на 4 нозе".

 

Директорот на ЈП ПОЦ, Саша Богдановиќ заедно со г-ѓа Татјана, хуман жител од населбата Капиштец, го однесоа првото бездомно куче од Општина Центар на стерилизација во ветеринарната амбуланта ПЕТ ВЕТ. На малата Малена и беше направена хируршка интервенција на јајниците, јајоводите и матката.

„Со стерилизација животните живеат подолг и поздрав живот.
Стерилизираните живтни имаат смирен хормонален статус и не се здружуваат во глутници, се намалува нивното размножување и се намалува бројката на луѓе на кои им пречат животните.
Со оваа хуманитарна акција сите заедно можеме да ја подигнеме свеста и да го спречиме неконтролираното размножување на бездомните животни во Општина Центар", изјави директорот на ЈП ПОЦ, Саша Богдановиќ.

Во наредниот период ЈП Паркинзи на Општина Центар и здружението за заштита на животни „Анима Мунди" ќе продолжат со организирање на хуманитарни настани кои се предвидени во склоп на оваа акција сé со цел да се намали бројката несреќни, гладни, болни, тепани и убивани животни на улиците во Општина Центар.

 

Со почит,
ЈП Паркинзи на Општина Центар

3

5

6

9

7