Банер
>>> Почетна
Понеделник, 18 Дек 2017


ПАРКИРАЈ СОВЕСНО!

Е-пошта Печати PDF

ПАРКИРАЈ СОВЕСНО!

НЕ ИМ ГО ОДЗЕМАЈ ПАРКИНГ МЕСТОТО НА ОНИЕ НА КОИ ИМ Е НАЈПОТРЕБНО

Скопје, 04 декември 2017 – Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи” на Општина Центар и граѓанската иницијатива „5до12“ денеска потпишаа меморандум за соработка и ја претставија кампањата „Паркирај совесно! Не им го одземај паркинг местото на оние на кои им е најпотребно“ со цел да се подигне свеста на возачите да не се паркираат на места наменети за лица со посебни потреби и да се посочи проблемот со непрописното паркирање низ градот.

Активистите на здруженијата за лица со посебни потреби од цела Македонија кои се дел од граѓанската иницијатива „5до12“ и вработените на ЈП ПОЦ ја започнаа кампањата со поставување на летоци на паркираните автомобили на паркиралиштата со кои стопанисува претпријатието кои повикуваат на совесно паркирање.

IMG 9274

„Со денешната акција сакаме да ги потенцираме проблемите со кои се соочуваат лицата со посебни потреби во сообраќајот, а пред сè за време на паркирањето. Нашата цел е да влијаеме на свеста на возачите да паркираат совесно и да им овозможат на лицата со инвалидитет непречено функционирање во градот“ - изјави В.Д. директорот на ЈП Паркинзи на Општина Центар, Вангел Андрески.

Од граѓанската иницијатива “5до12“ велат дека се приклучиле во оваа кампања заради проблемите со несовесно паркираните автомобили со кои се соочуваат секојдневно. Тие апелираат до возачите да не паркираат на места наменети за лица со посебни потреби за да можат да функционираат нормално.

Во склоп на кампањата ќе се отвори и посебна телефонска линија каде граѓаните ќе можат да ги пријавуваат сите непрописно паркирани автомобили односно автомобили паркирани на места означени за лица со посебни потреби и за истите ќе се преземат посебни санкции. Пајак службата на ЈП ПОЦ ќе интервенира веднаш по добивање на повикот, а на местата каде што нема пристапност ќе се поставуваат блокатори.

Кампањата ја поддржа и градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ кој заедно со активистите ги предупредуваа возачите да не паркираат на местата кои не се наменети за нив и да не им го одземаат паркинг местото на оние на кои им е најпотребно.

IMG 9388

IMG 9230

IMG 9292

IMG 9344

IMG 9348