Банер
>>> Почетна
Среда, 14 Ное 2018


Паркирај совесно! - кампања за безбедност во сообраќајот

Е-пошта Печати PDF

ЈП ПОЦ и Општина Центар во соработка со СВР Скопје од денеска започнуваат со едукативна кампања за безбедност во сообраќајот „Паркирај совесно!“, која ќе биде насочена кон подигање на сообраќајната свест и култура на повисоко ниво, зголемување на одговорноста кај возачите и укажување на важноста и потребата од почитување на сообраќајните правила и прописи.

„Апелирам до граѓаните да ги почитуваат правилата и прописите и да не ги паркираат своите возила пред објекти, коловози, тротоари, зелени површини, пешачки патеки и други слични површини кои не се наменети за паркинг“, рече на прес конференцијата градоначалникот Саша Богдановиќ.

1

Во наредните 2 месеци, ќе се емитуваат 8 едукативни видеа со јасни пораки кои ќе придонесат да се изгради совесност за одговорно учество во сообраќајот и ќе ги потенцираат местата на кои возачите не смеат да запрат или да го паркираат своето возило. Еднаш неделно ќе се објавува по едно едукативно видео на неколку национални телевизии, македонски интернет портали и на социјалните мрежи. Во склоп на кампањата, ќе се поставуваат летоци на паркираните автомобили на паркиралиштата со кои стопанисува ЈП ПОЦ кои ќе повикуваат на совесно паркирање.

ЈП ПОЦ, Општина Центар и СВР Скопје ќе продолжат со секојдневно отстранување на сите непрописно паркирани автомобили во општина Центар се додека трајно не се реши сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање.

2

3