Банер
>>> Почетна » Информации од јавен карактер » Актуелности » НЕПРОПИСНО ПАРКИРАНИ 189 ВОЗИЛА ВО ОПШТИНА ЦЕНТАР
Вторник, 21 Мај 2019


НЕПРОПИСНО ПАРКИРАНИ 189 ВОЗИЛА ВО ОПШТИНА ЦЕНТАР

Е-пошта Печати PDF

Скопје, 10 декември 2018 – Со помош на трите специјални возила „пајак“ на јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи на Општина Центар“-Скопје во текот на минатата недела на територија на Општина Центар отстранети се 189 возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

Сообраќајната полиција и „пајак службата“ на ЈП Паркинзи на Општина Центар, во периодот од 03.12. до 08.12.2018 година, санкционираа 189 непрописно паркирани возила, од кои осум (8) несовесно паркирани возила се отстранети од паркинг места наменети за лица со посебни потреби.

nepropisno parkiranje 1

ЈП ПОЦ и Општина Центар апелираат до граѓаните да ги почитуваат правилата и прописите и да ги оставаат своите возила само на пропишаните места за да им се овозможи на пешаците и велосипедистите нормално движење по тротоарите и велосипедските патеки, а на возилата безбедно движење по улиците.

nepropisno parkiranje 2

nepropisno parkiranje 3