fbpx
preloder

Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи на Општина Центар“-Скопје, денеска го пушти во употреба новиот систем за контрола на пристап на возила со двојни рампи на затвореното паркиралиште „Аутомакедонија“.

Заради секојдневната злоупотреба на досегашниот систем и бројните жалби и поплаки од граѓаните, ЈП ПОЦ го воведе системот со двојни рампи со цел да се постави ред и контрола и да се добие подобра организација на ова паркиралиште.

Во наредниот период, ЈП Паркинзи на Општина Центар ќе воведе и систем за препознавање на регистарски таблички на сите затворени паркиралишта; ќе го редуцира бројот на часови на гостинската карта (М-карта), односно од 08:00 до 17:00 часот бројот на часови за најава на гости ќе се ограничи на 2 часа, а по 17:00 часот ќе биде неограничено; и ќе го ограничи пристапот на комбињата за дотур на роба, односно ќе им овозможи бесплатен пристап од 05:00 до 07:00 часот, во спротивно да ја плаќаат редовната цена за паркинг за 1 час. Овие  мерки значително ќе помогнат во решавање на проблемот со паркирањето на сите затворени паркиралишта и ќе им овозможат на жителите полесен и побезбеден пристап до нивните живеалишта.