fbpx
preloder

Денес Директорот на ЈП Паркинзи на Општина Центар, Васко Кичевски, претставници од другите јавни претпријатија од Република Северна Македонија и Институтот за демократија “Социетас Цивилис” одржаа средба и дискутираа за процедуралните јазови во државните институции и како да се надминат истите.

Консултативната средба е одржана со цел размена на мислења, искуства и идеи меѓу јавните претпријатија, општините и Институтот за демократија. На средбата беа презентирани наоди од истражувања на организацијата, а целта е преку размена на идеи да се дадат предлози за подобрување и план како тие да се имплементираат.

Целта на проектот е иницирање промени во управувачката култура на институциите кои би придонеле конм нивен долгорочен, одржлив развој и би овозможиле основа за подобрено внатрешно известување, која воедно би го подобрила известувањето кон државните надзорни институции и јавноста.