fbpx
preloder

Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи на Општина Центар“-Скопје од 2020 година целосно ќе го преземе бележењето на хоризонталната сигнализација на улиците и паркиралиштата на територија на Општина Центар.

Претпријатието, за таа цел, набави нова машина за бележење на хоризонталната сигнализација на познатиот американски бренд „Graco“ (модел „LineLazer V 5900“) со која редовно ќе се бележат општинските улици и паркиралиштата со кои стопанисува ЈП Паркинзи на Општина Центар. Набавката е преку економскиот оператор ГФП ДОО Белград, како најповолен понудувач на тендерот, и ангажирањето на оваа механизација чини 700.500,00 денари.

ЈП Паркинзи на Општина Центар планира да започне со редовно бележење на улиците и паркиралиштата во март 2020 година, кое ќе придонесе добро уредена, ефикасна и безбедна хоризонтална сигнализација на територија на Општина Центар.