fbpx
preloder

Катната гаража „Судска палата“ која повеќе од еден месец не беше во функција заради дефект со електричното напојување, од денеска (01.11.2019 година), повторно започнува со работа.

Општина Центар и ЈП ПОЦ го санираа дефектот со електричното напојување и се во завршна фаза со санација на кровот на катната гаража. Санирањето на целокупната штета ја чинеше општината околу 1.100.000,00 денари.

Од понеделник (04.11.2019 година), сите корисници кои треба да склучат/продолжат договор или да извршат плаќање да одат директно во Дирекцијата на ЈП Паркинзи на Општина Центар во катната гаража „Судска палата“ или да го сторат тоа електронски на www.poc.mk.