preloder

ЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА

По истекот на 10 минути од паркирањето задолжтелно се плаќа за паркинг услугата во паркинг зоната .

По истекот на 10 минути од времето за паркирање од паркинг билетот.

Доколку не сте задоволни од услугата може да пишете на info@poc.mk или да се јавите на телефонскиот број во Дирекцијата на ЈП ПОЦ на + 389 2 3212488 или во контакт центарот на 072 251 251.

– Внесeте средства на Вашата М-карта на паркомат , минимален потребен износ на баланс на средства е 300,оо денари.

–  Се јавувате во контакт центарот на 072 251 251, го кажувате серискиот број на Вашата М-карта за да Ви активираат пакет на гостински часови.

– Го најавувате гостинското возило со неговите регистарски ознаки за колку часови/минути ќе се задржат во конкретниот паркинг секторот.

– Од билансот на часови/минути ќе ви се симнат соодветно часови/минути на пријавените часови/минути за престој на гостинското возило .

– Во случај на губење, кражба или оштетување на вашата М-карта, Ве молиме веднаш да пријавите во Контакт центарот на ЈП ПОЦ.

Уплата на ДПК може да се изврши на паркоматите на територија на Општина Центар, во Дирекцијата на ЈП Паркинзи на Општина Центар, во депото на „пајак“ службата. Исто така, уплатата може да се изврши во банка, пошта или преку електронско банкарство. При плаќање на ф-рата внесете ја наведената жиро сметка на ПОЦ и задолжително наведете го бројот на дневната паркинг карта.

Уплата на фактура може да се изврши во банка, пошта или преку електронско банкарство. При плаќање на ф-рата внесете ја наведената жиро сметка на ПОЦ и задолжително наведете го бројот на фактурата.

По истекот на максималното време за паркирање, во рок од 10 минути, возилото може да се паркира во истата зона со повторна најава.

– смс порака со погрешна таблица

– смс порака испратена на погрешен број

– смс порака испратена со погрешна зона

– не испратена смс порака поради недостаток на средства

ППК – ПКЖ се издава на жители на Општина Центар коишто поседуваат сопствено патничко моторно возило. Со оваа повластена паркинг карта жителите на Општина Центар може да паркираат на сите јавни паркиралишта на ЈП ПОЦ освен во резидентните паркиралишта во кои не се резиденти, паркиралишта од затворен тип доколку не се резденти во истите, Зона 0 и катна гаража „Судска Палата“.

Да. Увид во фотографиите може да се изврши во просториите на ЈП Паркинзи на Општина Центар во вторник и четврток од 09:00 до 10:00 часот.

Паркирањето е наплатено само доколку Ви стигне СМС порака од  операторот со потврден  одговор дека е извршено плаќање.

Депото на „пајак“ службата на ЈП Паркинзи на Општина Центар се наоѓа на Ул. Никола Карев бр.18.