fbpx
preloder

М – КАРТА

M - Kарта

  • М- карта / Гостински пакет

Со секој потпишан кориснички договор за користење на жителска Повластена Паркинг Карта (ПКЖ или ПКЖС), корисниците се стекнуваат со право на гостински пакет и заедно со договорот и налепницата добиваат авторизирана М- карта. Максимално можат да се искористат 90 часа месечно. Неискористените часови од изминатиот месец важат за наредниот се до крајот на календарската година.

  • М- карта / Пакет за нега

Жител на општина Центар кој не поседува сопствено возило, а има потреба од грижа од друго лице, има право да аплицира за „Пакет за нега“, при што со потпишување на корисничкиот договор добива и авторизирана М- карта. За изработка на М-картата се плаќа еднократно 350 денари, а за да се користи услугата, потребно е месечно на сметката да има минимален износ од 300 денари.

  • Пакет за нега 1 – Едно возило, плус 50 часа месечно

Со овој пакет за сума од 300 денари месечно може да се најави едно возило кое ќе може да се паркира неограничено на јавното паркиралиште со кое стопанисува ЈП ПОЦ кадешто живее лицето кое има потреба од нега. Ова возило се најавува еднократно. Со пакетот се добиваат плус 50 часа месечно за други возила, кои треба да се најавуваат на секое доаѓање..

  • Пакет за нега 2 – 150 часа

Со овој пакет за сума од 300 денари добивате 150 часа месечно. Возилата треба да се најавуваат на секое доаѓање.

  • Како се користи М-Картата

Внесувате средства на сметката на М-картата преку паркомат.

Се јавувате во Контакт Центарот на 072 251 251, го кажувате серискиот број на М-картата, најавувате дека ќе имате гости и колку часови ќе се задржат во одредениот сектор.

Минимален баланс на средства на вашата М-карта е 300 ден. Со овие средства се актвира гостински пакет на часови/минути. Од балансот на активираните гостински часови/минути ќе бидат одземени искористените часови/минути за најавените гостински возила.

Во случај на губење, кражба или оштетување на вашата М-карта, Ве молиме веднаш да пријавите во Контакт центарот на ЈП ПОЦ.