preloder

ОПШТЕСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ

ЈП Паркинзи на Општина Центар oд почетокот на своето работење активно се вклучува во развојот на заедницата, еднаквоста меѓу луѓето и се грижи за здравата и чиста животна средина во која живее и работи преку поддржување на голем број на организации, активности и настани, со цел да се подигне јавната свест во следниве области:

 

Безбедност во сообраќајот – Паркирај совесно!

Еден од најголемите проблеми со кој се соочуваат граѓаните на Општина Центар и Градот Скопје е сообраќајниот метеж и непрописното паркирање. Имајќи го во предвид овој проблем, ЈП Паркинзи на Општина Центар смета дека постојаното укажување на важноста и потребата од почитување на сообраќајните правила и прописи, а сето тоа преку континуирани проекти, кампањи и едукација на долг рок ќе придонесат да се изгради свесност за одговорно учество во сообраќајот од страна на сите негови учесници.

ЈП Паркинзи на Општина Центар досега има реализирано неколку едукативни проекти и кампањи за подигање на сообраќајната свест и култура на повисоко ниво, зголемување на одговорноста кај сите учесници во сообраќајот и укажување на важноста и потребата од почитување на сообраќајните правила и прописи.

  • Паркирај совесно! Не им го одземај паркинг местото на оние на кои им е најпотребно – кампања насочена кон подигање на свеста на возачите да не се паркираат на места наменети за лица со посебни потреби и да се посочи проблемот со непрописното паркирање низ градот.
  • Паркирај совесно! – едукативна кампања насочена кон подигање на сообраќајната свест и култура, зголемување на одговорноста кај возачите и укажување на важноста и потребата од почитување на сообраќајните правила и прописи.
  • Паркирај совесно! – едукативен проект насочен кон едуцирање на најмладите идни активни учесници во сообраќајот (средношколците од третта година), за правилно и прописно паркирање и развивање на нивната сообраќајна култура и свест за безбедно однесување во сообраќајот, стекнување на основни предзнаења за сообраќајот и слично.

 

Заштита на животната средина

ЈП Паркинзи на Општина Центар како општествено одговорно претпријатие се грижи за животната средина во која работи преку спроведување на еко акции кои придонесуваат во одржување на хигиената и чистотата на јавните паркиралишта и катните гаражи со кои стопанисува, како една од краткорочните мерки за намалување на загадувањето на воздухот во општината и во градот.

 

Афирмација на македонскиот спорт

Вложувањето во спортот и неговиот развој секогаш дава одлични резултати, затоа секоја година во програмата за работа и развој на ЈП Паркинзи на Општина Центар е предвидена донација на парични средства за унапредување, промоција, поддршка и развој на македонскиот спорт и спортските активности. ЈП ПОЦ од самиот почетокот ги поддржува спортистите и ги стимулира да се борат за поголеми успеси не само на државно, туку и на европско и меѓународно ниво.

Имено, ЈП Паркинзи на Општина Центар воведе и повластена паркинг карта за тренери и членови во спортски клубови и спортски друштва со цел полесно извршување на активностите поврзани со вршењето на спортската дејност регистрирани на територија на Општина Центар.

 

Хуманитарни акции

Еден од приоритетите на ЈП Паркинзи на Општина Центар е организирање и реализирање на хуманитарни акции. ЈП ПОЦ во програмата за работа и развој секоја година одвојува финансиски средства за донации со цел да се поддржат ранливите категории на општеството во задоволување на нивните егзистенцијални потреби создавајќи услови за подобар живот.

  • ЈП ПОЦ е голем пријател на лицата со посебни потреби и затоа им овозможува бесплатно паркирање на сите паркиралишта со кои стопанисува и често организира акции кои имаат за цел да се подигне свеста на возачите да не се паркираат на места наменети за овие лица за да им се овозможи непречено функционирање во градот.
  • ЈП ПОЦ секоја година одвојува финансиски средства за лекување на оние граѓани на кои им е најпотребно.
  • ЈП ПОЦ ги поддржува и им помага на младите перспективни сограѓани во остварување на својот сон.
  • ЈП ПОЦ во своите простории отвори „Центар за бездомни лица“ којшто функционира за време на екстремно ниски температури.
  • ЈП ПОЦ се грижи и за бездомните животни, затоа во соработка со здруженијата за заштита на животните и граѓаните секоја година се изработуваат привремени засолништа за бездомните животни за да им се помогне да ги преживеат зимските денови.
  • ЈП ПОЦ со хуманитарна акција им помогна на поплавените од непогодата која во 2016 година го зафати скопскиот регион. Беше доделена парична помош, дел од деловните простории беа прилагодени за згрижување на луѓето од кризните региони и беше отворен пункт за донации, каде граѓаните донираа храна, средства за лична хигиена и вода.