preloder

УСЛОВИ ЗА ИСПОРАКА

Рокот за испорака до Вашиот дом е 4 работни дена (96 часа) по извршената наплата за услугата. За сите нарачки направени за време на викенд или државни празници ќе бидаат процесирани во првиот следен работен ден. Можни се доцнења за кои ќе бидете известени од наш соработник.

Додека ја формирате Вашата нарачка за купување од онлајн продавницата, ќе видите поле „Достава до дома”. Полето „Достава до дома” мора да биде потврдено за да биде вклучено во цената за наплата.

Цената за достава е наведена под самиот артикал и се калкулира автоматски во нарачката.

ЈП Паркинзи на Општина Центар не сноси одговорност за доцнења во случај кога задоцнувањето е предизвикано од компанијата која ја врши испораката или поради причини независни од претпријатието. Веднаш по испораката, договорот и останатите матерјали треба да бидат внимателно прегледани од страна на купувачот или лице ополномоштено од него. При евентуални грешки во документите истите треба да бидат пријавени преку контакт центарот на телефонот 072 251 251 или на е-маил: info@poc.mk. При наведена невистинита или грешна адреса или лице за контакт во нарачката, ЈП Паркинзи на Општина Центар не е обврзан на какво и да било исполнување на истата. При предавање на документите, купувачот/клиентот или трето лице задолжително потпишуваат договор и други придружни документи. За трето лице се смета секој, чие име не е наведено во нарачката, но го прима производот на адресата наведена во нарачката. Во случај, кога клиентот не е достапен за исполнување на нарачката во договорениот термин и на наведената адреса, или не е обезбеден пристап и услови за предавање на документите во тој рок, ЈП Паркинзи на Општина Центар се ослободува од обврската да го испорача договорот и останатите документи наведени во нарачката.