preloder

СЛУЖБА ПАЈАК

Службата „Пајак“ на ЈП Паркинзи на Општина Центар го оддржува редот на јавните сообраќајни површини на територија на општина Центар и врши контрола над непрописно запрени или паркирани возила.

Отстранувањето или преместувањето на непрописно паркираните возила го врши службата „Пајак“, по издаден налог од овластено службено лице при Министерството за внатрешни работи – Сообраќајна полиција за јавни сообраќајни површини; по издаден налог од надлежен комунален инспректор при Секторот за инспекциски работи на Општина Центар – Скопје; и по исклучок, може да се изврши по барање на корисник на паркиралиштето доколку барателот за преместување или отстранување на возилото е корисник на резидентниот паркинг простор под надлежност на претпријатието и возилото коешто треба да биде отстрането или преместено не е евидентирано под режимот на возила на резидентниот паркинг, односно нема валидна паркинг карта.

Надлежниот орган издава решение за отстранување или преместување на возилото кое ја загрозува безбедноста во сообраќајот, а специјалното возило „Пајак“ е должно веднаш да ја  отпочне постапката за отстранување и да го пренесе возилото до депото на претпријатието.

Депото на службата „Пајак“ на ЈП Паркинзи на Општина Центар се наоѓа на ул. Никола Карев бр.18. При преземање на возилото од депото, потребно е да се достави на увид оригинал лична карта и сообраќајна дозвола.

Сите други информации во врска со возилата коишто се отстранети или преместени по налог на надлежните органи, како и за пријавување на непрописно паркирани возила, се достапни на телефонскиот број 072253253.

  • Работно време

Депото на службата „Пајак“ на ЈП Паркинзи на Општина Центар работи секој ден, 24 часа.

  • Ценовник

Вид на услуга Висина на надоместок во денари
Преместување на моторни возила со вкупна маса до 2.500 килограми
во депо на Пајак служба
2.500,00
Преместување на моторни возила со вкупна маса над 2.500 килограми
во депо на Пајак служба
3.500,00
Отпочнување на преместување на возило со вкупна маса до 2.500
килограми-доаѓање на Пајак возило
1.500,00
Отпочнување на преместување на возило со вкупна маса над 2.500
килограми-доаѓање на Пајак возило
2.000,00
Преместување на камп и други приколки во депо на пајак служба 3.000,00
Надомест за сместување во депо на Пајак служба на возила, камп и други приколки, два часа по отстранување, за секој изминат час до 24 часа 60,00
Чување на возила, камп и други приколки, по ден во депо на Пајак
служба
300,00
Чување на камп или други приколки месечно во депо на Пајак служба 6.000,00
Отпочнување на преместување на возило запрено или паркирано на означено и резервирано паркинг место за инвалиди-доаѓање на пајак
возило
3.000,00
Чување на автобуси, камиони, по ден во депо на Пајак служба 2.000,00
Преместување на возило од депо на Пајак служба до отпад за старо
железо
1.500,00
Нарачано дежурство или задржување на специјално возило Пајак, за
секој изминат час
2.500,00