fbpx
preloder

ЈАВНИ ОГЛАСИ

Врз основа на член 4 а во врска со член 5 од Правилникот за уредување на условите, начинот и постапката за давање под закуп на слободен  виртуелен простор и периферна опрема која се наоѓа во сопственост на јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи“ на Општина Центар – Скопје број 02-17/95 од 10.10.2019 година („Службен гласник“ на Општина Центар – Скопје број 18 од 18.10.2019 година) на ден 02.11.2019 се објавува следниот

Ј А В Е Н   П О В И К

за давање под закуп на слободен  виртуелен простор и периферни уреди кои се наоѓаат во сопственост на јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи“ на Општина Центар – Скопје

 

  1. ПРЕДМЕТ НА ОГЛАСОТ

Предмет на јавниот оглас е давање под закуп на виртуелен простор на електронските картички и периферни уреди со јавно наддавање.

 

  1. ПРАВО НА УЧЕСТВО

Се повикува секое заинтересирано домашно и странско правно лице – понудувач, кое е регистрирано за вршење на дејноста поврзана со предметот на јавниот оглас и кое ја подигнало потребната документација од јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи“ на Општина Центар – Скопје, да аплицира за учество во овој јавен повик.

 

  1. УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО

Заинтересираните лица поднесуваат понуда за учество во писмена форма, која  треба задолжително да ги содржи следните документи:

–             Пополнет образец на Понуда составен од Општ дел и цени,

–             Пополнет образец на изјава со која понудувачот ги прифаќа условите од документацијата за јавниот оглас,

–             Пополнет образец на изјава за независна понуда,

–             Пополнет образец на изјава за сериозност,

–             Пополнет образец на листа на доверливи информации,

–             Документи за докажување на личната состојба,

–             Документи за докажување на способноста за вршење на професионална дејност,

–             Документи за докажување на техничката и професионалната способност,

–             Гаранција за сериозност на понудата.

Пријавите кои не се комплетирани со потребните документии кои се наведени погоре, се некомплети и кандитатите немаат право врз основа на таква понуда да учествуваат во постапката.

 

  1. НАЧИН НА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПОНУДИТЕ

Понудите се поднесуваат во хартиена форма, во запечатен внатрешен плик на кој се наведува полниот назив и адреса на понудувачот, најдоцна до крајниот рок на отварање на понудите. Така запечатениот внатрешен плик се затвора во надворешен плик кој е адресиран со точна адреса на јавното претпријатие, содржи информација за предметот на закуп и во горниот лев агол стои предупредување „Не отвoрај“, за да не се отвора пред времето и датумот за отворање на понудата.

Понудите на понудувачите се конечни и истите не смеат да се менуваат по отворањето на истите.

 

  1. ПОЧЕТНА ЦЕНА
  • Вкупниот почетен процент, за сметка на Јавното Претпријатие, не смее да изнесува помалку од 30% од процентуалниот финансиски надоместок кој понудувачот ќе го остварува од секоја успешно реализирана трансакција во мрежата на терминали кои ќе ги постави во рамките на овој проект.
  • Вкупниот минимален процент кој во форма на месечен надоместок ќе му биде исплатен за сметка на Јавното Претпријатие од дополнителните финансиски приходи кои во рамки на овој проект ќе ги остварува Понудувачот не смеат да бидат пониски од 10%.

 

  1. ГАРАНЦИЈА НА ПОНУДАТА

Како дел од понудата заинтересираните понудувачи задолжително обезбедуваат гаранција за сериозност на понудата (гаранција за учество) во износ од 610.000,00 денари. Гаранцијата е во форма на банкарска гаранција или во форма на депонирани средства кои понудувачот е обврзан да ги депонира на сметка на јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи“ на Општина Центар – Скопје со број депонент , со цел на дознака депозит за Јавен оглас бр. 1, како гаранција за сериозност на понудата.

Гаранцијата треба да е поднесена во оригиналната форма. Копии не се прифаќаат. Гаранцијата мора да има рок на важност најмалку 60 (шеесет) дена по денот на истекот на важноста на понудата. Секоја понуда што не содржи гаранција на  сериозност понудата, или содржи гаранција на понудата која не е во согласност со условите во  документација на јавниот оглас, ќе биде отфрлена од страна на јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи“ на Општина Центар – Скопје како неприфатлива.

 

  1. РОКОВИ

Понудата за учество на јавното надавање во затворен плик со назнака за Оглас бр. 1 за давање под закуп на виртуелен простор на електронските картички и периферни уреди со јавно наддавање – лицитација, треба да се достават  најдоцна до 18.11.2019 година до 10:00 часот, во архивата на јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи“ на Општина Центар – Скопје.

Јавното отварање на пристигнатите понуди по јавниот оглас бр. 1 ќе се одржи во јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи“ на Општина Центар – Скопје на ден 18.11.2019 година во 10:00 часот во присуство на овластени лица на понудувачите или ополномоштени лица за присуство на отварањето на понудите.

За времето на одржување на јавното наддавање понудувачите кои ги исполнуваат критериумите од јавниот оглас ќе бидат известени писмено или по електронски пат.

Договорот ќе се склучи за времетраење од 20 (дваесет) години.

 

  1. ГАРАНЦИЈА ЗА КВАЛИТЕТНО ИЗВРШУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ

Услов за потпишување на договорот со избраниот најповолен понудувач е обезбедување гаранција од страна на избраниот најповолен понудувач за квалитетно извршување на договорот во првите 3 години во висина од 610.000,00 денари.

Гаранцијата за квалитетно извршување на обврските од договорот се доставува во вид на банкарска гаранција во писмена форма. Гаранцијата треба да биде поднесена во оригинална форма. Копии не се прифаќаат.

Гаранцијата за квалитетно извршување на обврските од договорот, избраниот најповолен понудувач ја доставува по добиеното известување за извршениот избор, а пред склучување на договорот.

 

  1. ОСТАНАТИ ИНФОРМАЦИИ

Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи“ на Општина Центар – Скопје може да го поништи јавниот оглас и тоа ако:

–             не е поднесена ниту една понуда или ниту една прифатлива понуда,

–             се поднесени прифатливи понуди кои не можат да се спроведат поради различниот пристап во техничките или финансиските понуди,

–             оцени дека огласот содржи битни пропусти или недостатоци,

–             поради непредвидени и објективни околности врз основа на кои се промениле потребите на јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи“ на Општина Центар – Скопје.

Овој оглас е објавен и на веб страната на јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи“ на Општина Центар – Скопје

Целокупната документација потребна да се учествува на овој јавен оглас, заинтересираните лица може да ја подигнат секој работен ден во просториите на јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи“ на Општина Центар – Скопје со седиште на, 1000, Скопје, Република Македонија.

Дополнителни информации можат да се добијат на телефонскиот број 02/3212-488, веб страницата www.poc.mk и на e-mail адресите info@poc.mk и a.shumanska@poc.mk

Лице за контакт: Ана Шуманска, тел. 070/990-050

Тендерската документација може да ја преземете ТУКА.