fbpx
preloder

НАШЕТО ПОРТФОЛИО

ЈП ПАРКИНЗИ НА ОПШТИНА ЦЕНТАР

Јавното претпријатие за јавни паркиралишта ПАРКИНЗИ НА ОПШТИНА ЦЕНТАР-Скопје е претпријатие формирано од Општина Центар, со Одлука на Совет на Општина Центар број 07-2625/4 од 18.12.2006 година и Решение за Упис во Централен регистар на Република Македонија од 13.03.2007.

Основната дејност на ЈП Паркинизи на Општина Центар-Скопје е организирање, управување, уредување и одржување на јавните паркиралишта на територија на Општина Центар, пред се во насока на ефикасно и квалитетно задоволување на потребите на жителите на општината, како и решавање на сообраќајниот метеж и проблемот со паркирање во централното градско подрачје.

ЈП Паркинзи на Општина Центар на жителите на општината им овозможува бесплатно користење на јавните паркиралишта со кои стопанисува претпријатието.

Паркирањето на територија на Општина Центар е регулирано со јавни паркиралишта од отворен тип, затворен тип и резидентни паркиралишта и улици.

Јавно паркиралиште од отворен тип

Паркирањето со наплата е со ограничено времетраење на паркирање. Се класисифицира во 4 (четири) паркинг зони утврдени според интензитетот и фреквенцијата на сообраќајот на територија на општина Центар:

*Во опфатот на јавните паркиралишта од отворен тип се утврдуваат и резидентни паркиралишта на станбени блокови, односно резидентни џебови.

  • ЗОНА 0 (Ултра зона) – во оваа зона припаѓа следниот паркинг сектор:

– СЕКТОР СКВЕР ЈАДРАН

Следно

  • ЗОНА 0I – во оваа зона припаѓаат следните паркинг сектори:

– СЕКТОР ДЕБАР МААЛО

– СЕКТОР ПАРК

– СЕКТОР СОБОРЕН ХРАМ

Следно

  • ЗОНА I – во оваа зона припаѓаат следните паркинг сектори:

– СЕКТОР КАПИШТЕЦ

– СЕКТОР БУЊАКОВЕЦ

Следно

  • ЗОНА II – во оваа зона припаѓаат следните паркинг сектори:

– СЕКТОР ПРОЛЕТ

– СЕКТОР МАЏАР МААЛО

Следно

Јавно паркиралиште од затворен тип

– Контролата на паркирањето се врши со поставен систем на влезно-излезни рампи.

Јавни паркиралишта од затворен тип се:

  • ДОМ НА ГРАДЕЖНИЦИ – ова паркиралиште припаѓа на зона 0I
  • ТРГОТЕКСТИЛ – ова паркиралиште припаѓа на зона 0I
  • АУТОМАКЕДОНИЈА – ова паркиралиште припаѓа на зона I
  • Катна гаража „Судска палата“

Резидентни паркиралишта и улици

- се наменети само за жителите на секторот во кој се наоѓа наведеното паркиралиште или улица.

Визија

Визија на ЈП Паркинзи на Општина Центар е да прерасне во лидер на македонскиот пазар, особено во доменот услуги за јавни паркиралишта на територијата на Општина Центар, да го унапреди и зачува ефикасниот и непречен сообраќај во Општина Центар, односно да стане лидер во заштитата на јавниот интерес и интересот на граѓаните, со цел да им се овозможи на корисниците максимално поволни можности и услови во користењето на услугите.

Мисија

Мисијата на ЈП Паркинзи на Општина Центар е на корисниците да им понуди и обезбеди ефикасни и современи услови на користење на услугите за јавните паркиралишта во согласност со најновите технолошки и развојни трендови во подрачјето на практичната примена на овие трендови, како и да им овозможи еден поразличен и пофлексибилен начин на давање услуги засновани пред се на професионалност и стручност.