preloder

ПОВЛАСТЕНА ПАРКИНГ КАРТА

ПАРКИНГ КАРТА ЗА ЖИТЕЛ

ППК – ПКЖ добиваат жителите на Општина Центар коишто поседуваат сопствено возило.

* Со оваа налепница жителите на Општина Центар може да паркираат на сите паркиралишта на ЈП ПОЦ освен на резидентните паркиралишта коишто не се наменети за нив, паркиралишта од затворен тип, Зона 0 и катна гаража „Судска Палата“.

  • Важност на договорот: 12 месеци.

Потребна документација:

  • Лична карта (на увид)
  • Сообраќајна дозвола (на увид)

Цената на ППК – ПКЖ изнесува:

  • Еднократен надоместок за склучување на договор – 350 ден.

ПАРКИНГ КАРТА ЗА ЖИТЕЛ (второ, трето или повеќе возила)

ППК – ПКЖ добиваат жителите на Општина Центар коишто поседуваат сопствено возило.

* Со оваа налепница жителите на Општина Центар може да паркираат на сите паркиралишта на ЈП ПОЦ освен на резидентните паркиралишта коишто не се наменети за нив, паркиралишта од затворен тип, Зона 0 и катна гаража „Судска Палата“.

  • Важност на договорот: 12 месеци.

Потребна документација:

  • Лична карта (на увид)
  • Сообраќајна дозвола (на увид)

Цената на ППК – ПКЖ изнесува:

  • За второ возило – 250 ден.
  • За трето возило – 1200 ден.
  • Еднократен надоместок за склучување на договор – 350 ден.

ПАРКИНГ КАРТА ЗА ЖИТЕЛ СО СЛУЖБЕНО ВОЗИЛО

ППК – ПКЖС добиваат жителите на Општина Центар коишто користат службено возило за приватни цели.

* Со оваа налепница жителите на Општина Центар може да паркираат само во секторот каде што им е издадена налепница, но не и на резидентните паркиралишта.

  • Важност на договорот: 12 месеци.
  • НАПОМЕНА: Оваа налепница може да ја добијат само жители на Општина Центар коишто се во опфатот на паркиралиштата на ЈП ПОЦ.

Потребна документација:

  • Лична карта (на увид)
  • Сообраќајна дозвола (на увид)
  • ППК 1 образец за користење на службено возило за приватни цели
  • Потврда за редовен работен однос или М1/М2 образец

Цената на ППК – ПКЖС изнесува:

  • За прво возило – 0 ден.
  • За второ возило – 250 ден.
  • За трето возило – 1200 ден.
  • Еднократен надоместок за склучување на договор – 350 ден.

ПАРКИНГ КАРТА ЗА ЖИТЕЛ СО СОПСТВЕН ПАРКИНГ

ППК – ПКСП добиваат жителите на Општина Центар коишто поседуваат сопствен паркинг и имаат сопствено возило.

* Со оваа налепница жителите на Општина Центар може да паркираат на сите паркиралишта на ЈП ПОЦ освен на резидентни паркиралишта коишто не се наменети за нив, паркиралишта од затворен тип, Зона 0 и катна гаража „Судска Палата“, но во нивниот сектор каде што е издадена налепница секогаш мора да паркираат на сопственото паркинг место.

  • Важност на договорот: 12 месеци.
  • НАПОМЕНА: Оваа налепница може да ја добијат само жители на Општина Центар коишто се во опфатот на паркиралишта на ЈП ПОЦ.

Потребна документација:

  • Лична карта (на увид)
  • Сообраќајна дозвола (на увид)
  • Имотен лист или купопродажен договор за сопствениот паркинг простор

Цената на ППК – ПКСП изнесува:

  • Еднократен надоместок за склучување на договор – 350 ден.

ВРЕМЕНА ПАРКИНГ КАРТА ЗА СТАНАРИ

ППК – ВПКС добиваат станарите коишто поседуваат сопствено возило и живеат на територија на Општина Центар, а тоа можат да го докажат со имотен лист или договор за закуп заверен на нотар.

* Со оваа налепница жителите на Општина Центар може да паркираат само во секторот каде што им е издадена налепница, но не и на резидентните паркиралишта.

Потребна документација:

  • Лична карта (на увид)
  • Сообраќајна дозвола (на увид)
  • Имотен лист или договор за закуп заверен на нотар

Цената на ППК – ВПКС изнесува:

  • За прво возило – 250 ден.
  • За второ возило – 500 ден.
  • За трето возило – 1500 ден.
  • Еднократен надоместок за склучување на договор – 350 ден.

ПАРКИНГ КАРТА ЗА ДЕЛОВЕН СУБЈЕКТ - ВРАБОТЕН

ППК – ПКДВ добиваат вработени во деловни субјекти коишто се наоѓаат на територија на Општина Центар, а ЈП ПОЦ има организирано паркирање.

* Со оваа налепница вработените во деловните субјекти може да паркираат само во секторот каде што им е издадена налепница, но не и на резидентните паркиралишта.

  • Важност на договорот:  најмногу 12 месеци.
  • НАПОМЕНА: Вработениот може да аплицира само за едно возило.

Потребна документација:

  • Лична карта (на увид)
  • Сообраќајна дозвола (на увид)
  • Потврда за редовен работен однос или М1/М2
  • Тековна состојба од Централен регистар

Цената на ППК – ПКДВ изнесува:

  • За прво возило – 800 ден.
  • Еднократен надоместок за склучување на договор – 350 ден.

ПАРКИНГ КАРТА ЗА ДЕЛОВЕН СУБЈЕКТ

ППК – ПКДС добиваат оние деловни субјекти коишто припаѓаат во опфатот на паркиралиштата на ЈП ПОЦ и имаат службени возила.

* Со оваа налепница службените возила на деловните субјекти може да паркираат само во секторот каде што им е издадена налепница, но не и на резидентните паркиралишта.

  • Важност на договорот:  најмногу 12 месеци.

Потребна документација:

  • Сообраќајна дозвола (на увид)
  • Тековна состојба од Централен регистар

Цената на ППК – ПКДС изнесува:

  • Во Зона 01 и Зона 1 – 3000 ден.
  • Во Зона 2 – 2000 ден.
  • Еднократен надоместок за склучување на договор – 350 ден.