ПАРКИНГ КАРТА ЗА ЖИТЕЛ

ППК – ПКЖ добиваат жителите на Општина Центар коишто поседуваат сопствено возило.
* Со оваа налепница жителите на Општина Центар може да паркираат на сите паркиралишта на ЈП ПОЦ освен на резидентните паркиралишта коишто не се наменети за нив, паркиралишта од затворен тип, Зона 0 и катна гаража „Судска Палата“.
- Важност на договорот: 12 месеци.
Потребна документација:
- Лична карта (копија)
- Сообраќајна дозвола (копија)
Цената на ППК – ПКЖ изнесува:
- Еднократен надоместок за склучување на договор – 350 ден.
ПАРКИНГ КАРТА ЗА ЖИТЕЛ (второ, трето или повеќе возила)

ППК – ПКЖ добиваат жителите на Општина Центар коишто поседуваат сопствено возило.
* Со оваа налепница жителите на Општина Центар може да паркираат на сите паркиралишта на ЈП ПОЦ освен на резидентните паркиралишта коишто не се наменети за нив, паркиралишта од затворен тип, Зона 0 и катна гаража „Судска Палата“.
- Важност на договорот: 12 месеци.
Потребна документација:
- Лична карта (копија)
- Сообраќајна дозвола (копија)
Цената на ППК – ПКЖ изнесува:
- За второ возило – 250 ден.
- За трето возило – 1200 ден.
- Еднократен надоместок за склучување на договор – 350 ден.
ПАРКИНГ КАРТА ЗА ЖИТЕЛ СО СЛУЖБЕНО ВОЗИЛО

ППК – ПКЖС добиваат жителите на Општина Центар коишто користат службено возило за приватни цели.
* Со оваа налепница жителите на Општина Центар може да паркираат само во секторот каде што им е издадена налепница, но не и на резидентните паркиралишта.
- Важност на договорот: 12 месеци.
- НАПОМЕНА: Оваа налепница може да ја добијат само жители на Општина Центар коишто се во опфатот на паркиралиштата на ЈП ПОЦ.
Потребна документација:
- Лична карта (копија)
- Сообраќајна дозвола (копија)
- ППК 1 образец за користење на службено возило за приватни цели
- Копија од М1/М2 образец
- Тековна состојба од деловен субјект не постара од 6 месеци
Цената на ППК – ПКЖС изнесува:
- За прво возило – 250 ден.
- За второ возило – 1200 ден.
- Еднократен надоместок за склучување на договор – 350 ден.
ПАРКИНГ КАРТА ЗА ЖИТЕЛ СО СОПСТВЕН ПАРКИНГ

ППК – ПКСП добиваат жителите на Општина Центар коишто поседуваат сопствен паркинг и имаат сопствено возило.
* Со оваа налепница жителите на Општина Центар може да паркираат на сите паркиралишта на ЈП ПОЦ освен на резидентни паркиралишта коишто не се наменети за нив, паркиралишта од затворен тип, Зона 0 и катна гаража „Судска Палата“, но во нивниот сектор каде што е издадена налепница секогаш мора да паркираат на сопственото паркинг место.
- Важност на договорот: 12 месеци.
- НАПОМЕНА: Оваа налепница може да ја добијат само жители на Општина Центар коишто се во опфатот на паркиралишта на ЈП ПОЦ.
Потребна документација:
- Лична карта (копија)
- Сообраќајна дозвола (копија)
- Имотен лист или купопродажен договор за сопствениот паркинг простор
Цената на ППК – ПКСП изнесува:
- Еднократен надоместок за склучување на договор – 350 ден.
ВРЕМЕНА ПАРКИНГ КАРТА ЗА СТАНАРИ

ППК – ВПКС добиваат станарите коишто поседуваат сопствено возило и живеат на територија на Општина Центар, а тоа можат да го докажат со имотен лист или договор за закуп заверен на нотар.
* Со оваа налепница жителите на Општина Центар може да паркираат само во секторот каде што им е издадена налепница, но не и на резидентните паркиралишта.
Потребна документација:
- Лична карта (копија)
- Сообраќајна дозвола (копија)
- Имотен лист или договор за закуп заверен на нотар
Цената на ППК – ВПКС изнесува:
- За прво возило – 500 ден.
- За второ возило – 1000 ден.
- За трето возило – 1500 ден.
- Еднократен надоместок за склучување на договор – 350 ден.
ПАРКИНГ КАРТА ЗА ДЕЛОВЕН СУБЈЕКТ - ВРАБОТЕН

ППК – ПКДВ добиваат вработени во деловни субјекти коишто се наоѓаат на територија на Општина Центар, а ЈП ПОЦ има организирано паркирање.
* Со оваа налепница вработените во деловните субјекти може да паркираат само во секторот каде што им е издадена налепница, но не и на резидентните паркиралишта.
- Важност на договорот: најмногу 12 месеци.
- НАПОМЕНА: Вработениот може да аплицира само за едно возило.
Потребна документација:
- Лична карта (копија)
- Сообраќајна дозвола (копија)
- Потврда за редовен работен однос и М1/М2
- Тековна состојба од Централен регистар
Цената на ППК – ПКДВ изнесува:
- Зона 1 и 2 – 2000 ден.
- Еднократен надоместок за склучување на договор – 350 ден.
ПАРКИНГ КАРТА ЗА ДЕЛОВЕН СУБЈЕКТ

ППК – ПКДС добиваат оние деловни субјекти коишто припаѓаат во опфатот на паркиралиштата на ЈП ПОЦ и имаат службени возила.
* Со оваа налепница службените возила на деловните субјекти може да паркираат само во секторот каде што им е издадена налепница, но не и на резидентните паркиралишта.
- Важност на договорот: најмногу 12 месеци.
Потребна документација:
- Сообраќајна дозвола (копија)
- Тековна состојба од Централен регистар
Цената на ППК – ПКДС изнесува:
- Зона 1 – 3000 ден.
- Зона 2 – 3000 ден.
- Еднократен надоместок за склучување на договор – 350 ден.