ЈП ПАРКИНЗИ НА ОПШТИНА ЦЕНТАР
Јавното претпријатие за јавни паркиралишта ПАРКИНЗИ НА ОПШТИНА ЦЕНТАР-Скопје е претпријатие формирано од Општина Центар, со Одлука на Совет на Општина Центар број 07-2625/4 од 18.12.2006 година и Решение за Упис во Централен регистар на Република Македонија од 13.03.2007.
Јавното претпријатие за јавни паркиралишта ПАРКИНИЗИ НА ОПШТИНА ЦЕНТАР-Скопје е правно лице основано со цел организирање, управување, уредување и одржување на јавните паркиралишта на територија на Општина Центар, пред се во насока на ефикасно и квалитетно задоволување на потребите на жителите на Општина Центар и секако решавање на сообраќајниот метеж и проблемот со паркирање во централното градско подрачје . Јавното претпријатие вршејќи ја основната дејност за која е основано, постојано утврдува и изнаоѓа нови и ги усовршува постојните услуги следејќи ги современите европски и светски трендови и практитки на давање на услуги за користење на јавни паркиралишта, притоа реализирајќи ја својата визија да стане водечка компанија и пример во својата дејност
Управување на јавните паркиралишта во Општина Центар
Согласно Одлуката ЗА ОРГАНИЗАЦИЈА И НАЧИН НА НАПЛАТА НА ЈАВНИТЕ ПАРКИРАЛИШТА ОД ЗНАЧЕЊЕ ЗА ОПШТИНА ЦЕНТАР – СКОПЈЕ , Јавните паркиралишта од отворен тип на територијата на Општина Центар се класисифицираат во три паркинг зони утврдени според интензитетот и фреквенцијата на сообраќајот на територија на Општина Центар – Скопје и тоа:
- Првата паркинг зона е со ознака ЗОНА О , зона 0 означена со црвена боја.
- Втората паркинг зона е со ознака ЗОНА I , зона 1 означена со жолта боја.
- Третата паркинг зона е со ознака ЗОНА II , зона 2 означена со зелена боја.
Согласно новите измени во Правилниокот ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ЈАВНИТЕ ПАРКИРАЛИШТА ОД ЗНАЧЕЊЕ НА ОПШТИНА ЦЕНТАР-СКОПЈЕ , користењето на јавните паркиралишта од отворен тип е временски ограничено во зависност од паркинг зоната во којашто се наоѓа паркиралиштето и тоа:
- Во ЗОНА 0 до 60 минути / 100,оо денари на час
- Во ЗОНА 1 до 120 минути / 70,оо денари на час
- Во ЗОНА 2 до 120 минути / 60,оо денари на час
Цената на паркинг услугите во паркинг зоните е утврдена согласно со Ценовник на услуги и надоместоци на јавните паркиралишта со наплата.
Јавно паркиралиште од отворен тип
ЗОНА 0
СЕКТОР „Јадран Сквер“
ЗОНА I
СЕКТОР „Парк и Соборен Храм“
СЕКТОР „Дебар Маало“
СЕКТОР „Буњаковец“
ЗОНА II
СЕКТОР„Капиштец“
СЕКТОР „Пролет и Маџар Маало“
Јавно паркиралиште од затворен тип
- ДОМ НА ГРАДЕЖНИЦИ – ова паркиралиште припаѓа на зона 0I
- ТРГОТЕКСТИЛ – ова паркиралиште припаѓа на зона 0I
- АУТОМАКЕДОНИЈА – ова паркиралиште припаѓа на зона I
- Катна гаража „Судска палата“
- Палома Бјанка
- Дилајла
- Киро Глигоров