Често поставувани прашања

По истекот на 10 минути од паркирањето задолжтелно се плаќа за паркинг услугата во паркинг зоната .

По истекот на 10 минути од времето за паркирање од паркинг билетот.

Доколку не сте задоволни од услугата може да пишете на info@poc.mk или да се јавите на телефонскиот број во Дирекцијата на ЈП ПОЦ на + 389 2 3212488 или во контакт центарот на 072 251 251.

– Внесeте средства на Вашата Green Pay картичка електронски преку веб платформата www.poc.mk или преку мобилната апликација на ЈП ПОЦ. Минимален потребен износ на биланс на средства е 300 денари.

– Најава на гостински возила се врши електронски преку веб платформата www.poc.mk, мобилната апликација на ЈП ПОЦ или преку контакт центарот на 072 251 251 каде што го кажувате серискиот број на Вашата Green Pay картичка за да Ви активираат пакет на гостински часови.

– Го најавувате гостинското возило со неговите регистарски ознаки за колку часови/минути ќе се задржат во конкретниот паркинг секторот.

– Од билансот на часови/минути ќе ви се симнат соодветно часови/минути на пријавените часови/минути за престој на гостинското возило .

– Во случај на губење, кражба или оштетување на Вашата Green Pay картичка, Ве молиме веднаш да пријавите во контакт центарот на ЈП ПОЦ.

Уплата на  дневна паркинг карта (ДПК) може да се изврши електронски преку веб платформата www.poc.mk или мобилната апликација на ЈП ПОЦ, во депото на „Пајак“ службата, банка, пошта или електронско банкарство.

Уплата на фактура може да се изврши во банка, пошта или преку електронско банкарство. При плаќање на ф-рата внесете ја наведената жиро сметка на ПОЦ и задолжително наведете го бројот на фактурата.

По истекот на максималното време за паркирање, во рок од 10 минути, возилото може да се паркира во истата зона со повторна најава.

– смс порака со погрешна таблица

– смс порака испратена на погрешен број

– смс порака испратена со погрешна зона

– не испратена смс порака поради недостаток на средства

ППК – ПКЖ се издава на жители на Општина Центар коишто поседуваат сопствено патничко моторно возило. Со оваа повластена паркинг карта жителите на Општина Центар може да паркираат на сите јавни паркиралишта на ЈП ПОЦ освен во резидентните паркиралишта во кои не се резиденти, паркиралишта од затворен тип доколку не се резденти во истите, Зона 0 и катна гаража „Судска Палата“.

Увид во фотографиите може да се изврши во просториите на ЈП Паркинзи на Општина Центар во вторник и четврток од 09:00 до 11:00 часот.

Паркирањето е наплатено само доколку Ви стигне СМС порака од  операторот со потврден  одговор дека е извршено плаќање.

Депото на „пајак“ службата на ЈП Паркинзи на Општина Центар се наоѓа на Ул. Никола Карев бр.18.