Повластена паркинг карта

Паркинг карта за жители на Општина Центар кои имаат во сопственост патничко моторно возило

ПКЖОЦ, како подвид на ПКЖ можат да добијат единствено оние физички лица коишто се жители на Општина Центар со живеалиште во опфат на некое од јавните паркиралишта со кои стопанисува јавното претпријатие и поседуваат патничко моторно возило во нивна сопственост.

ПКЖОЦ се издава по станбена еднница (стан) односно по адреса на живеење, а правото се доделува според редослед на доставени барања, со доказ за исполнетост на условите и со надомест согласно Ценовникот на услуги и надоместоци на јавните паркиралишта со кои управува ЈП Паркинзи на Општина Центар.

Постапката се одвива хронолошки, а првиот жител на конкретната адреса што ќе поднесе валидно барање има предност пред следните жители.

Корисникот на ПКЖОЦ има право да го паркира возилото единствено во паркинг секторот/ конкретното јавно паркиралиште за чиешто користење е склучен договорот.

Корисникот на ПКЖОЦ може да направи надградување односно надополнување на услугата со цел користење на комерцијалните јавни паркиралишта од отворен тип, надвор од опфатот на секторот каде што имаат живеалиште со издавање на паркинг карта ПКЖОЦ+, eдинствено преку електронската платформа на организаторот на паркирањето и со надоместок утврден во Ценовникот на услуги и надоместоци на јавните паркиралишта со кои управува ЈП Паркинзи на Општина Центар.

Потребна документација:

  • Лична карта

  • Сообраќајна дозвола

  • Имотен лист (не постар од 1 година)

Цената на ПКЖ изнесува:

  • За прво возило – 0 ден. (месечно)
  • За второ возило – 500 ден. (месечно)
  • За трето возило – 1.500 ден. (месечно)
  • Еднократен надоместок за склучување на договор – 0 ден./онлајн – 200 ден./шалтер
  • ПКЖОЦ+ – 500 ден. (месечно)

АПЛИЦИРАЈ

ПКЖП – повластена паркинг карта за жители на Општина Центар кои користат патничко моторно возило за кое им е издадено полномошно

ПКЖП, како подвид на ПКЖ можат да добијат единствено оние физички лица коишто се жители на Општина Центар доколку користат патничко моторно возило за кое им е издадено полномошно за управување со патничко моторно возило од сопственикот на возилото ПКЖП се издава врз основа на нотарски заверено полномошно, единствено под услов и властодавецот и полномошникот да се жители на Општина Центар, а властодавецот да е сопственик на патничкото моторно возило – предмет на корисничкиот договор и да се во прва линија сродство.

По исклучок, доколку се работи за единствено патничко моторно возило во семејството, ПКЖП се издава врз основа на нотарски заверено полномошно, под услов властодавецот и полномошникот да се сопружници и еден од нив да е жител на Општина Центар, а властодавецот да е сопственик на патничкото моторно возило – предмет на корисничкиот договор. Доколку пак властодавецот го издава полномошното за сопствено второ или трето возило, ќе се смета дека барателот на ППК – ПКЖП не ги исполнува условите за користење на повластената паркинг карта.

Корисниците на пкжоц, ПКЖП може да ги користат без временско ограничување резидентните улици и паркиралишта и јавните паркиралишта од комерцијален тип со кои стопанисува организаторот на паркирањето единствено во паркинг секторот каде што имаат живеалиште.

Потребна документација:

  • Лична карта
  • Сообраќајна дозвола
  • Имотен лист (не постар од 1 година)
  • Полномошно од сопственикот на ПМВ

Цената на ПKЖП изнесува:

  • За прво возило – 0 ден. (месечно)
  • Еднократен надоместок за склучување на договор –  0 ден./онлајн – 200 ден./шалтер

АПЛИЦИРАЈ

ПКЖС – повластена паркинг карта за жители на Општина Центар според личната карта кои користат службено патничко моторно возило за приватни цели

ПКЖС, како подвид на ПКЖ може да се издаде на физичко лице – жител на Општина Центар, кој има живеалиште во опфат на некое од јавните паркиралишта на ПОЦ и користи службено возило за приватни цели во сопственост на правно лице регистрирано на територијата на Република Северна Македонија

Корисниците на ПКЖС може да ги користат без временско ограничување резидентните улици и паркиралишта и јавните паркиралишта од комерцијален тип со кои стопанисува организаторот на паркирањето единствено во паркинг секторот каде што имаат живеалиште.

ПКЖС може да се издаде само за едно службен возило по станбена еднница (стан) односно по адреса на живеење.

Потребна документација:

  • Лична карта
  • Сообраќајна дозвола
  • Имотен лист (не постар од 1 година)
  • Тековна состојба издадена од ЦРРСМ за правното лице регистрирано на територијата на Република Северна Македонија
    (Не постара од 6 (шест) месеци)
  • ППК образец
  • Копија од М1/М2 образец

Цената на  ПКЖС изнесува:

  • За едно возило – 500 ден. (месечно)
  • Еднократен надоместок за склучување на договор – 0 ден./онлајн – 200 ден.

АПЛИЦИРАЈ

ПКЖВО – повластена паркинг карта за жители на Општина Центар според личната карта со живеалиште надвор од опфат на јавните паркиралишта со кои стопанисува јавното претпријатие согласно податоците од лична карта кои имаат во соптвеност патничко моторно возило

ПКЖВО како подвид на ПКЖ можат да добијат единствено оние физички лица коишто се жители на Општина Центар со живеалиште надвор од опфат на некое од јавните паркиралишта со кои стопанисува јавното претпријатие и поседуваат патничко моторно возило во нивна сопственост.

Корисниците на ПКЖВО може да ги користат без временско ограничување сите комерцијални јавни паркиралишта од отворен тип со кои стопанисува организаторот на паркирањето во Зона I и Зона II.

На корисниците на ПКЖВО може да им се издаде само 1(една) Повластена паркинг карта – ПКЖВО по станбена единица (стан) односно по адреса на живеење, а правото се доделува според редослед на доставени барања, со доказ за исполнетост на условите.

ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ:

Повластена паркинг карта-ПКЖ може да се издаде и за возило од категорија №1, меѓутоа единствено за возила кои кумулативно ги исполнуваат следните услови: облик и намена на каросерија ББ, маса на возило до 1700 kg и должина на возило до 4800mm. За издавање на ваков вид кориснички договор одлучува интерно работно тело формирано од организаторот на паркирањето.

На секое физичко лице коешто е жител на Општина Центар со живеалиште во опфат на јавните паркиралишта со кои стопанисува организаторот на паркирањето, може да му се издадат најмногу до 2(два) кориснички договори за повластена паркинг карта ПКЖ од било кој вид согласно посебните услови утврдени во одребите на овој Правилник. На една станбена единица (стан) односно на една конкретна адреса може да се издадат најмногу 3 (три) кориснички договори за повластена паркинг карта- ПКЖ од било кој вид согласно посебните услови утврдени во одребите на овој Правилник.

 

Потребна документација:

  • Лична карта
  • Сообраќајна дозвола
  • Имотен лист (не постар од 1 година)

Цената на ПKЖВО изнесува:

  • За прво возило – 1000 ден. (месечно)
  • Еднократен надоместок за склучување на договор –  0 ден./онлајн – 200 ден./шалтер

АПЛИЦИРАЈ

ПАРКИНГ КАРТА ЗА ЖИТЕЛ СО СОПСТВЕН ПАРКИНГ

ПКСП – Паркинг карта за сопствен паркинг можат да добијат физички и правни лица со жителство, сопственост или седиште на подрачјето на Општина Центар, коишто се сопственици на сопствен простор за паркирање, а единствениот начин за пристап до просторот за паркирање е со поминување преку јавно паркиралиште од затворен тип со кое управува јавното претпријатие Паркинзи на Општина Центар.

Корисникот на ПКСП не може да ги користи јавните паркиралишта на ПОЦ, тој е должен да го паркира своето возило на сопствениот простор за паркирање, за што во моментот на склучување на корисничкиот договор со јавното претпријатие, потпишува и изјава дека просторот за паркирање кој го поседува е функционален и е соодветен за таа намена и дека возилото ќе го паркира на сопствениот простор.

Потребна документација:

За паркинг простор во сопственост на физички лица

  • Лична карта
  • Имотен лист (не постар од 1 година)

За паркинг простор во сопственост на правни лица

  • Тековна состојба за правното лице издадена од ЦРРСМ (Не постара од 6 (шест) месеци)
  • Имотен лист (не постар од 1 година)

Цената на  ПКСП изнесува:

  • Еднократен надоместок за склучување на договор –  0 ден./онлајн – 200 ден.

АПЛИЦИРАЈ

ВРЕМЕНА ПАРКИНГ КАРТА ЗА СТАНАРИ

ППК – ВПКС добиваат станарите коишто поседуваат сопствено возило и живеат на територија на Општина Центар, а тоа можат да го докажат со имотен лист или договор за закуп заверен на нотар.

  • Со оваа налепница жителите на Општина Центар може да паркираат само во секторот каде што им е издадена налепница.

Потребна документација:

  • Лична карта
  • Сообраќајна дозвола
  • Имотен лист или договор за закуп заверен на нотар

Цената на ППК – ВПКС изнесува:

  • За едно возило – 1.000 ден. (месечно)
  • Еднократен надоместок за склучување на договор – 200 ден.

АПЛИЦИРАЈ

ПАРКИНГ КАРТА ЗА ДЕЛОВЕН СУБЈЕКТ – ВРАБОТЕН

ППК – ПКДВ добиваат вработени во деловни субјекти коишто се наоѓаат на територија на Општина Центар, а ЈП ПОЦ има организирано паркирање.

* Со оваа налепница вработените во деловните субјекти може да паркираат само во секторот каде што им е издадена налепница.

  • Важност на договорот:  најмногу 12 месеци.
  • НАПОМЕНА: Вработениот може да аплицира само за едно возило.

Потребна документација:

  • Лична карта
  • Сообраќајна дозвола
  • Потврда за редовен работен однос и М1/М2
  • Тековна состојба од Централен регистар

Цената на ППК – ПКДВ изнесува:

  • Зона 1 и 2 – 3.000 ден. (месечно)
  • Затворени паркиралишта – 3.000 ден. (месечно)
  • Еднократен надоместок за склучување на договор – 200 ден.

АПЛИЦИРАЈ

ПАРКИНГ КАРТА ЗА ДЕЛОВЕН СУБЈЕКТ

ППК – ПКДС добиваат оние деловни субјекти коишто припаѓаат во опфатот на паркиралиштата на ЈП ПОЦ и имаат службени возила.

* Со оваа налепница службените возила на деловните субјекти може да паркираат само во секторот каде што им е издадена налепница, но не и на резидентните паркиралишта.

  • Важност на договорот:  најмногу 12 месеци.

Потребна документација:

  • Сообраќајна дозвола
  • Тековна состојба од Централен регистар

Цената на ППК – ПКДС изнесува:

  • Зона 1 и 2 – 3.000 ден. (месечно)
  • Затворени паркиралишта – 4.000 ден. (месечно)
  • Еднократен надоместок за склучување на договор – 200 ден.

АПЛИЦИРАЈ