Green Pay картичка

Green Pay картичка

 

Green Pay картичката е платежна картичка која се издава на сите жители на Општина Центар, врз основа на склучен кориснички Договор за користење на јавно паркиралиште со наплата и издавање на Зелена платежна картичка (Green Pay Card) со период на важност од 2 (две) години.

Се работи за нова картичка која ќе ја замени постоечката М-карта и ќе овозможи многу повеќе поволности. Со оваа картичка жителите на Општина Центар ќе имаат можност да најавуваат гости на паркиралиштата на ЈП ПОЦ, да се вклучат во процесот на рециклирање и да пазарат со попуст во зелената мрежа на локали.

НАЈАВА НА ГОСТИН

При прво издавање на секоја Green Pay картичка на секој корисник кој живее во опфат на паркиралиштата со кои стопанисува ЈП Паркинзи на Општина Центар му следуваат 40 бесплатни часа за најава на гостински возила во секторот каде што се наоѓа неговото живеалиште.

Најава на гостински возила се врши електронски преку веб платформата www.poc.mk, мобилната апликација на ЈП ПОЦ или преку контакт центарот на 072 251 251.

На една станбена единица може да се издаде една Green Pay картичка. Во текот на денот, едно гостинско патничко моторно возило може да се најави само преку една Green Pay картичка, без ограничување на времето на паркирање, во рамки на неискористените часови.

По истекот на промотивниот пакет од 40 бесплатни часа за најава на гости, секое следно купување на гостински пакет чини 600 денари со вклучени 40 часа паркирање. Може да се купи најмногу еден пакет во рок од 30 дена, а купените часови немаат рок на траење.

Надополнување на Green Pay картичката се врши електронски преку веб платформата www.poc.mk или преку мобилната апликација на ЈП ПОЦ.

РЕЦИКЛИРАЊЕ

Преку повратните вендинг машини жителите на Општина Центар можат да рециклираат PET пластични шишиња и лименки, за што ќе добијат субвенции од Општина Центар на нивната Green Pay платежна картичка.

Сoстојбата на Green Pay картичката може да се провери на greenpay.mk.

ПАЗАРЕЊЕ СО ПОПУСТ ВО ЗЕЛЕНАТА МРЕЖА

Со Green Pay картичката жителите на општина Центар ќе имаат можност да пазарат сo попуст во зелената мрежа на локали која вклучува: маркети, ресторани, кафеани, кафулиња, бутици, книжарници, рибарници, мобилари и сл.

Green Pay картичката нуди можност за трансфер на средства од други платежни картички за пазарење со попуст во зелената мрежа и користење на услугите на ЈП ПОЦ исклучиво преку мобилната апликација.

Трансферот на средства од други платежни картички се врши на greenpay.mk.

При склучување на договор за Green Pay картичка, корисникот доставува на увид:

–  важечкa лична карта во која како жителство е наведено Општина Центар.

Паричен надоместок за Green Pay картичка: 360МКД

Вкупно со банкарска провизија: 369МКД

Е – Сервиси