
Службата „Пајак“ на ЈП Паркинзи на Општина Центар го оддржува редот на јавните сообраќајни површини на територија на општина Центар и врши контрола над непрописно запрени или паркирани возила.
Отстранувањето или преместувањето на непрописно паркираните возила го врши службата „Пајак“, по издаден налог од овластено службено лице при Министерството за внатрешни работи – Сообраќајна полиција за јавни сообраќајни површини; по издаден налог од надлежен комунален инспректор при Секторот за инспекциски работи на Општина Центар – Скопје; и по исклучок, може да се изврши по барање на корисник на паркиралиштето доколку барателот за преместување или отстранување на возилото е корисник на резидентниот паркинг простор под надлежност на претпријатието и возилото коешто треба да биде отстрането или преместено не е евидентирано под режимот на возила на резидентниот паркинг, односно нема валидна паркинг карта.
Надлежниот орган издава решение за отстранување или преместување на возилото кое ја загрозува безбедноста во сообраќајот, а специјалното возило „Пајак“ е должно веднаш да ја отпочне постапката за отстранување и да го пренесе возилото до депото на претпријатието.
Депото на службата „Пајак“ на ЈП Паркинзи на Општина Центар се наоѓа на ул.68 до мостот Беласица. При преземање на возилото од депото, потребно е да се достави на увид оригинал лична карта и сообраќајна дозвола.
Сите други информации во врска со возилата коишто се отстранети или преместени по налог на надлежните органи, како и за пријавување на непрописно паркирани возила, се достапни на телефонскиот број 072253253.
- Работно време
Депото на службата „Пајак“ на ЈП Паркинзи на Општина Центар работи секој ден, 24 часа.
