Во рамките на одбележувањето на 18- от роденден на ЈП Паркинзи на Општина Центар, во соработка со Институтот за трансфузиона медицина денес ја реализиравме традиционалната крводарителска акција по трет пат.
Огромна благодарност до сите наши вработени кои даруваа крв и учествуваа во акцијата. Нека оваа традиција продолжи и во годините што доаѓаат, заедно со сите вас кои верувате дека секој од нас може да направи разлика.
Дарувањето крв може да спаси нечиј живот, затоа ве повикуваме да се приклучите на некоја од крводарителските акции на Институтот за трансфузиона медицина кои се спроведуваат секој ден во сите градови на РСМ. Неделниот распоред на крводарителски акции можете да го погледнете тука https://www.facebook.com/Institutzatransfuzionamedicina/.
Дарувај крв, дарувај живот!







