По повод претстојниот државен празник „Ден на Македонската Револуционерна Борба“, ве известуваме дека на 23.10.2025 година (четврток), паркиралиштата со кои стопанисува ЈП Паркинзи на Општина Центар ќе бидат бесплатни за користење од страна на сите граѓани.

Исклучок од ова се затворените паркиралишта „Дилајла“ со автоматска наплата и „Трготекстил“, каде што наплатата ќе се одвива согласно редовниот режим.

Редовната наплата за паркирање ќе продолжи на 24.10.2025 година (петок) со вообичаено работно време.

Честит празник – Ден на Македонската Револуционерна Борба! Да го одбележиме достоинствено и со почит кон борбата за слобода и независност.

Leave a comment