По повод претстојниот верски празник „Богојавление“ (Водици) Ве известуваме дека на 19.01.2026 година (понеделник) паркиралиштата со кои стопанисува ЈП Паркинзи на Општина Центар ќе бидат без наплата за сите граѓани.
Исклучок од ова се затворените паркиралишта „Дилајла“ со автоматска наплата и „Трготекстил“, каде што наплатата ќе се одвива согласно редовниот режим.
Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата ќе продолжи на 20.01.2026 година (вторник) со вообичаено работно време.
