По повод Велигденските празници, на 10.04. (петок), 12.04. (недела) и 13.04.2026 година (понеделник) граѓаните ќе можат да паркираат без надомест на сите паркиралишта со кои стопанисува претпријатието. 

Исклучок од ова се затворените паркиралишта со автоматска наплата „Дилајла”, „Трготекстил” и „Палома Бјанка” каде што наплатата ќе се одвива согласно редовниот режим.

Согласно програмата за неработни денови за 2026 година, 11.04.2026 година (сабота) е работен ден и следствено на тоа паркиралиштата со кои стопанисува ЈП ПОЦ ќе работат со вообичаено работно време. 

Тимот на ЈП Паркинзи на Општина Центар Ви посакува среќен Велигден.

Leave a comment