ЈП Паркинзи на Општина Центар ги информира корисниците дека од 04.08.2026 година се применуваат новите подзаконски акти на претпријатието, усвоени од Советот на Општина Центар, со кои се воведуваат измени во условите, начинот и правилата за користење на јавните паркиралишта, како и во дел од цените и надоместоците за услугите.

Со цел корисниците навремено и јасно да бидат информирани, особено укажуваме дека при склучување нов договор за повластено паркирање за жители, односно по истекот на постојниот договор, потребно е да се приложат:

  • имотен лист, како доказ за исполнување на условите за резидентно паркирање;
  • важечка лична карта;
  • важечка сообраќајна дозвола за возилото.

Постојните договори продолжуваат да важат до истекот на периодот за кој се склучени, без потреба корисниците дополнително да доставуваат нова документација во текот на нивното важење.

Со новите правила се уредуваат и други прашања поврзани со користењето на паркинг услугите, категориите на корисници, правата и обврските, надоместоците и постапките за склучување договори.

За подетални информации, корисниците можат да се информираат преку веб-страницата на ЈП „Паркинзи на Општина Центар”, а целосниот текст на новите подзаконски акти е достапен во делот „Информации од јавен карактер” → „Прописи”.

Leave a comment