ЈП Паркинзи на Општина Центар во периодот од 13.09.2026 до 20.09.2026 година со користење на специјалните возила „пајак“, санкционираше 123 нерегулирано паркирани возила кои биле оставени на места наменети за лица со попреченост, резидентни паркиралишта и други резервирани зони, со што се нарушуваше редот и функционирањето на паркирањето во општината.

ЈП ПОЦ и Општина Центар ќе продолжат континуирано да ја спроведуваат оваа мерка и апелираат до возачите да ги почитуваат правилата за паркирање и да ги оставаат своите возила исклучиво на дозволените паркинг-места. На тој начин се овозможува уреден паркинг-систем и непречено користење на просторите наменети за оние што навистина им се потребни.

Leave a comment