По повод 20-годишнината од основањето на ЈП Паркинзи на Општина Центар, се одржа заедничка средба на поранешните директори со актуелниот директор Душко Коцевски.
Средбата помина во пријатна атмосфера, со размена на искуства, сеќавања и разговори за развојот на претпријатието низ изминатите две децении.
Убава можност да се потсетиме на почетоците и да им оддадеме признание на сите кои низ годините придонеле за развојот на ЈП ПОЦ.
20 години искуство, посветеност и развој.



