ЈП за јавни паркиралишта „Паркинзи на Општина Центар “и Црвениот крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар потпишаа Меморандум за соработка со цел унапредување на хуманитарните активности, зајакнување на солидарноста и обезбедување. поддршка за граѓаните на кои им е потребна помош.
Меморандумот го потпишаа директорот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар, Душко Коцевски, и секретарот на Црвениот крст – Општинска организација Центар, Валентина Колеска, со што ја потврдија заедничката заложба за развој на партнерство насочено кон поддршка на локалната заедница.
Со меморандумот се воспоставува рамка за заедничко дејствување, реализација на хуманитарни акции и проекти, како и координирање на активностите насочени кон поддршка на ранливите категории граѓани.Соработката предвидува заедничко планирање и спроведување хуманитарни иницијативи, размена на искуства и ресурси, како и поттикнување на волонтерството и општествената одговорност.
Преку ова партнерство, двете институции ја потврдуваат својата заложба за градење похумана и солидарна заедница, во која грижата за граѓаните и поддршката на оние на кои им е најпотребна претставуваат заеднички приоритет.ЈП „Паркинзи” на Општина Центар и Црвениот крст – Општинска организација Центар и во иднина ќе продолжат да работат на иницијативи кои придонесуваат за унапредување на хуманитарните активности и создавање подобри услови за живот во заедницата.




