По повод претстојниот државен празник „Рамазан Бајрам“ Ве известуваме дека на 10.04.2024 година (среда) паркиралиштата со кои стопанисува ЈП Паркинзи на Општина Центар ќе бидат без наплата за сите граѓани.
Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата ќе продолжи на 11.04.2024 година (четврток) со вообичаено работно време.
ЈП ПОЦ им го честита Рамазан Бајрам на сите граѓани со исламска вероисповед и им посакува многу здравје, радости и слога во нивните фамилии.
