Службата за бележење при ЈП Паркинзи на Општина Центар изврши обележување на хоризонталната сообраќајна сигнализација по должина на улицата „Питу Гули”, со цел подобрување на безбедноста и прегледноста во сообраќајот.
Активностите се реализираат по налог на Општина Центар, во рамки на редовното одржување на сообраќајната сигнализација, а согласно утврдената проектна документација, при што ЈП ПОЦ ја спроведува теренската изведба.
Во наредниот период ќе биде поставена и соодветната вертикална сообраќајна сигнализација согласно проектираната состојба.





