Денес беше подигнато хаварисано возило од катна монтажна гаража, со примена на соодветна специјализирана опрема за безбедно и контролирано извлекување.
Апелираме до сопствениците навремено да ги отстранат хаварисаните возила од јавните паркиралишта, бидејќи тие зафаќаат простор што им е потребен на другите корисници.
ЈП ПОЦ ќе продолжи со акцијата и во наредниот период, согласно утврдените постапки, со цел паркинг капацитетите да бидат подобро достапни и поуредни за сите.



